Најпознат балкански разузнавач ја коментира бомбата н

Живата легенда на балканската разузнавачка заедница и човекот кој во својот работен век директно учествувал во неколку спектакулрани акции на просторите на бивша Југославија и земјите во Европа - Божидар Спасиќ, се осврнува на актуелниот политички момент во Република Македонија.

Спасиќ во интервју за sterna.org.mk, за така наречената бомба на Зоран Заев изјавил дека не е ништо друго освен обид за државен удар и тоа таканаречен "тивок државен удар" во кој нема тенкови и убиства на улиците, туку се реализира на "тивок" начин со подметнување на документи и други активности кои потполно го загрозуваат уставниот поредок на Република Македонија.

– Дотолку повеќе - вели Спасиќ, што документите кои наводно ги поседува Заев, на јавноста и се сервираат на "лажичка" со што, инструкторите на Заев, идејните творци на овој проект, испитуваат на кој начин ќе реагираат владата и премиерот и кои мерки треба да ги преземат за да знаат дали треба да ја засилуваат аферата или да бегаат колку што ги држат нозете...

Поранешниот шеф на југословенското разузнавање не ја исклучува можноста дека во прибирањето на материјалите, учествувал и голем разузнавачки систем со цел да ја застраши властите во Македонија и да покаже дека со опозицијата може да прави што сака и како сака, па дури и да и помогне во прибирање на компромитирачки материјали.

Се на се – вели Спасиќ, оваа афера која во моментов е актуелна во Македонија , претставува класичен пример на злоупотреба на разузнавачки податоци со цел предизвикување внатрешни сукоби во земјата.

Со оглед на тоа што ова не е прва афера од од овој вид во Македонија, убеден сум дека и оваа ќе заврши слично како и минатите "многу врева околу ништо" – вели Спасиќ

Makedonski Večer - 18.02.2015.

Komentari

No commenting allowed at this time.

© Božidar Spasić Dizajn Design by Eklipsa
Twitter RSS aktivnosti